Русија развива беспилотно летало за идентификување на авиони кои се тешко забележливи, како што се ловците F-35, наведуваат медиумите, повикувајќи се на изјавите на претставник на концернот „Радиоелектронски технологии” на авио-шоуто „МАКС-2015”.
Според зборовите на заменикот на генералниот директор на концернот Владимир Михееа, пишува „Флајтглобал“ (Flightglobal), овој модел е унапредена верзија на воздушното летало кое го развива Обединетата корпорација за производство на авиони.
Михеев соопшти дека концернот е подизведувач во овој проект. Тој обезбедува изработка на основните средства за комуникација, радари, системи за самозаштита и радио-електронска борба, како и станици за управување од копно.
Тој додаде дека беспилотното летало ќе служи за идентификување на стелт-авиони, односно авиони кои се тешко забележливи (F-22, F-35 и B-2), кое ќе биде аналог на кинескиот амбициозен проект „Божествен орел“. Како што наведува изданието, Михеев тврди дека технологијата на која се заснова кинескиот проект е „позајмена“ од Русија и САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче