Франција ѝ ги врати на Русија сите пари за „Мистралите“

Франција ѝ врати на Русија околу 900 милиони евра за неиспорачувањето на „Мистралите“.

Франција ѝ ги врати на Русија сите пари за неиспорачувањето на „Мистралите“. Сумата изнесува околу 900 милиони евра, изјави за РИА „Новости“ висок претставник на Федералната служба за воено-техничка соработка.  

Претходно Париз исто така официјално објави дека ѝ исплатил на Москва средства за неиспорачувањето на „Мистралите“, наведувајќи дека сумата е помала од 1 милијарда евра.

„Франција ѝ ги врати на Русија сите пари за „Мистралите“. Таа сума изнесува околу 900 милиони евра. Русија за „Мистралите“ имаше платено до моментот на раскин на договорот 800 милиони евра“, изјави соговорникот на агенцијата.

Тој објасни дека во сумата од 900 милиони евра спаѓа и повратокот на средствата за извршените испитувања за разработка на палубниот хеликоптер К-52К, обуката на специјалистите за управување со „Мистралите“, како и изградбата на пристанишниот док за овие бродови во Владивосток.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.