Во Русија се конструира третата генерација на „авионите на Судниот ден“

Задачата на тие авиони е организација на мрежа за комуникација во услови кога отсуствува копнена инфраструктура или е во целост уништена.

НПП „Полет“ (влегува во состав на Обединетата корпорација за производство на инструменти) работи на создавање воздушен пункт за стратешко управување од трета генерација.

Ова го изјави за ТАСС генералниот директор на претпријатието Александар Комјаков.

„Се работи на создавање нова, трета генерација, но рано е да се зборува за рокови и карактеристики“, изјави соговорникот на агенцијата на авио-шоуто „МАКС-2015“.

Според неговите зборови, претпријатието неодамна ги завршило тестирањата врз воздушен команден пункт од втора генерација. Следната година, како што изјави првиот човек на  НПП „Полет“, планирана се работи за доопремување на руската армија со такви воздушни пловила.

“Неговата основна предност е оперативноста. Доколку извесни објекти со копнени координати можат да бидат уништени од противникот, воздушниот КП може да се уништи потешко, затоа што постојано ја менува локацијата. Американците таквиот авион го нарекоа „авион на Судниот ден’. Нивната задача е организација на комуникациска мрежа во апсолутно неприлагодени услови, кога копнена инфраструктура за тоа или отсуствува, или е во целост уништена“, објасни Комјаков.  

Во Советскиот Сојуз врз основа на авионот Ил-86 беше конструиран воздушниот команден пункт Ил-80. Вкупно беа произведени четири такви авиони кои се во употреба до ден-денес.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња