Претседателот на Полска Анджеј Дуда во текот на својата прва државничка посета на Берлин на 28 август има намера да дискутира со канцеларката на Германија Ангела Меркел за начините за зголемување на притисокот врз Русија со цел да престане конфликтот во Донбас.
„Се разбира, во текот на својата посета на Берлин би сакал, меѓу другото, да разговарам за тоа како може да се зголеми притисокот врз Русија, за конечно да заврши војната и да настапи долгорочен мир. Второто прашање се состои од тоа како треба да реагира НАТО на промените на геополитичката ситуација на источните граници на блокот. Само по себе се разбира, ние се залагаме за засилено присуство на НАТО во овој регион, вклучително и во Полска“, изјави Дуда во интервјуто што беше објавено во средата во германскиот таблоид „БИЛТ“ (BILD).
„Сметам дека канцеларката Меркел настапува во Европа од многу решителна позиција во однос на Русија. Јас би сакал таквите позиции да ги дели цела Европа. Сами така можеме да дојдеме до конкретни резултати“, додаде полскиот претседател.
Дуда исто така повторно искажа потреба од пошироко меѓународно учество во процесот за решавање на украинската криза, чија цел би бил „долгорочен и праведен мир“. Претходно, претседателот изјави дека „Нормандискиот формат“ би можел да биде проширен и со САД и Полска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче