Претседателот на Египет му благодари на Путин за подарената воена техника

„Тоа беше многу длабок гест кој беше примен во Египет како знак на добра волја и пријателските односи меѓу нашите земји“, изјави претседателот на Египет Абдул Фатах Ал-Сиси на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на Египет Абдул Фатах Ал-Сиси му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за воената техника што Русија ѝ ја подари на египетската страна во чест на отворањето на новиот Суецки канал, пренесува ТАСС

„Сакам да ја искористам приликата да изразам искрена благодарност за високото присуство на Русија на отворањето на новото корито на каналот на чело со шефот на владата на РФ, што беше високо оценето во Египет на официјално и национално ниво“, изјави тој.  

„Дозволете ми да изразам искрена благодарност за подарената воено-поморска техника која зеде учество во отворањето на новиот канал“, рече Ал-Сиси. „Тоа беше многу длабок гест кој беше примен во Египет како знак на добра волја и на пријателските односи меѓу нашите земји“, додаде претседателот, кој изјави задоволство од успесите постигнати на полето на воената соработка, размената на искуство и подготовката на кадри.  

„Сметам на продолжување на активната работа во таа насока“, додаде тој.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.