Асад: Сирија има голема доверба во Русија

„Русија не поддржува ваква или онаква фигура за претседател, таа има јасни принципи“, потенцираше сирискиот претседател Башар Асад.

Дамаск ги поддржува напорите на Русија за воспоставување внатресириски дијалог и смета дека таа спроведува „политика, заснована на цврсти принципи“. Ова го изјави претседателот на Сирија Башар Асад во интервју за либанската телевизија „Ал-Манар“, а пренесува ТАСС.  

„Ние имаме голема доверба во Русите, тие докажаа во текот на многу децении дека се искрени пријатели“, рече тој. „Русија не поддржува ваква или онаква фигура за претседател, таа има јасни принципи. Таа се залага за поддршка на суверенитетот на државата и ја почитува одлуката на народот“, потенцираше сирискиот лидер.

Асад истакна дека Дамаск ги „одобрува и охрабрува напорите на Русија за воспоставување дијалог со опозицијата“.

„Русите ништо не ни наметнуваат. До договор може да се дојде единствено кога ние самите Сиријци ќе седнеме еден до друг на преговарачката маса“, изјави тој.  

Претседателот на исклучи дека меѓусириските средби кои сега се одржуваат во Москва ќе доведат до конференција „Женева-3“, која “нема да заврши со неуспех“. „Сѐ зависи од меѓународната атмосфера“, рече тој.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња