Администрацијата на претседателот на Украина ги кажа „црвените линии“ за Русија

Во текот на средбата во Берлин лидерите на Германија, Франција и Украина дискутирале за таканаречените „црвени линии“ чие пречекорување од страна на Русија ќе значи засилување на санкциите.

Во текот на средбата во Берлин лидерите на Германија, Франција и Украина дискутирале за таканаречените „црвени линии“ чие пречекорување од страна на Русија ќе значи засилување на санкциите. Ова во текот на брифингот го изјави заменик-претседателот на администрацијата на претседателот на Украина Констанин Елисеев, соопштува „Укринформ“, а пренесува „Лента.ру“.

Според зборовите на Елисеев, една од таквите „црвени линии“ може да бидат локалните избори во самопрогласените Донецка и Луганска народна република. „Многу е важно што вчера дискутиравме за таканаречените „црвени линии“ чие пречекорување од страна на Руската Федерација ќе значи решителна реакција на меѓународната заедница“, истакна претставникот на администрацијата на претседателот на Украина.

На 2 јули лидерот на самопрогласената Донецка народна република (ДНР) Александар Захарченко објави дека локалните избори на територијата на републиката ќе се одржат на 18 октомври. Како одговор на тоа претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека таа иницијатива ќе има уништувачки последици за мирното решавање на конфликтот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.