Москва смета дека Постојаниот арбитражен суд во Хаг, кој ја донесе пресудата во врска задржувањето на бродот „Арктичко изгрејсонце“ нема релевантна надлежност, соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи на Русија, а пренесува „Взгљад”.
„По добивањето на судската одлука по официјален пат руската страна детално ќе ја проучи. Сепак, веќе сега може да се заклучи дека донесената пресуда во целост не ги зела предвид сите аспекти на инцидентот со учеството на активистите на „Гринпис“, како ни правните норми и судската практика кои се однесуваат на дадениот случај“, се наведува во соопштението на МНР РФ.
Исто така, „ставот на Русија во врска со главното прашање на предметот на расправата е изложен во документот од 5 август 2015 година. Во него, помеѓу другото, се наведува широката практика на државата во борбата против нелегалните активности на „Гринпис“ на море и нивно сузбивање“. Москва изразува жалење поради тоа што „арбитражата фактички ја игнорираше“.
Министерството истакнува дека „одлуката на судот во врска со многу аспекти не е беспрекорна, содржи очигледни грешки, помеѓу другото, во толкувањето на правниот статус на Русија како држава-наследничка на СССР”.
„Сериозна загриженост предизвикува фактот дека пресудата, во суштина, ги охрабрува не толку мирните протести на море кои ги спречуваа целосно легитимните активности во ексклузивната економска зона и на континенталниот појас, кршејќи ги со тоа законските права на физичките лица и приморските држави“, додава МНР РФ.
Постојаниот суд за арбитража во Хаг на 24 август донесе пресуда според која Русија мора да ѝ исплати компензација на холандската страна за задржувањето на бродот „Арктичко изгрејсонце“ на организацијата „Гринпис“. Активистите на оваа организација в август 2013 година, и покрај забраните, запловија на мразокршач по Северниот морски пат за да одржат протест против експлоатацијата на нафта на Арктикот. Во тоа беа спречени од припадници на пограничната управа на ФСБ. Сите 30 активисти кои беа на бродот беа уапсени, а подоца амнестирани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче