Обединетата корпорација за производство на инструменти (ОПК, во состав на Ростех) го претстави на меѓународната авиоизложба „МАКС-2015” првиот руски беспилотен цепелин „ДП-29”, пренесува „Взгљад”.
„Во овој проект Долгопрудненското проектантско биро за автоматика (ДКБА) разработи технологија на беспилотни цепелини: систем за автоматско управување со воздушното летало, конструкција на сила и методи за распоредување на леталото на потребниот товар и управување со него“ рече претставник на ОПК.
Според неговите зборови, фабричките испитувања на беспилотното летало биле успешно завршена на полигоните во Красноармејската и Владивостокската област.
Беспилотните цепелини ДП-29 имаат мал капацитет на оптоварување и среден домет на летање. Ова се експиремантални примероци, изработени со специјални конструкторски материјали од нова генерација. Од ДКБА истакнаа дека се подготвени да пристапат кон дизајнирање на цепелин кој ќе може да решава конкретни воено-технички задачи: висинско извидување, снимање од воздух, мапирање, достава и автоматско исфрлање на товар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче