Медиуми: Естонија сака да изгради на границата со Русија ограда висока 2,5 метри

Работите за зајакнување на границата со вкупна вредност од 71 милиони евра Естонија има намера ги започне во 2018 година, пишува весникот „Постимеес“ (Postimees.)

Одделот за полиција и гранично обезбедување на Естонија за спречување на нарушување на границата има намера две третини од копнениот дел на границата со Русија да ги опреми со ограда долга околу 108 километри, а висока 2,5 метри, соопшти во вторникот весникот „Постимеес“ (Postimees).

„Горниот дел од оградата ќе биде зајакната со бодликава жица. Вкупната должина на оградата ќе изнесува околу 108 километри. Како надополнување на оградата се планира да се изгради и ограда која ќе го попречува движењето на дивите животни. На деловите каде што поминува границата низ мочурливи предели нема да има ограда, туку само погранични столбови и ќе биде направен појас за контрола и следење“, се вели во соопштението.  

За чување на границата ќе се користат и видеокамери и беспилотни летала, а во водите на Чудското езеро ќе бидат распоредени над 600 погранични пловки. Работите за техничко зајакнување на границата ќе почнат во 2018 година и ќе чинат 71 милиони евра.

Претходно за намерата да изгради современ моќен систем со фортификациски утврдувања на границата со Русија, наречен „Ѕид“ (подоцна преименуван во „Европски ѕид“) изјавија и властите на Украина. Киев планира да го реализира проектот за три години и да потроши околу 200 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња