Медиум: Американските F-22 ќе го заштитат европското небо од руската закана

Во најскоро време Военото воздухопловство на САД планира да испрати неколку ловци F-22 во Европа, соопштува „Вашингтон Пост“.

Во најскоро време Военото воздухопловство на САД планира да испрати неколку ловци F-22 во Европа, соопштува „Вашингтон Пост“, а пренесува „RT“. Според зборовите на секретарот за одбрана на САД Дебора Ли Џејмс, руската активност во регионот продолжува да ги вознемирува Вашингтон и неговите европски сојузници.  

Малиот број ловци треба да ги охрабри сојузниците на САД во регионот. Како што истакнува изданието, бројот на „руските упади“ во европскиот воздушен простор значително пораснал од почетокот на украинскиот конфликт. НАТО минатата година соопшти за повеќе од 150 такви случаи.

„Воената активност на Русија во Украина продолжува да предизвикува сериозна загриженост кај нас и нашите европски сојузници“, изјави Џејмс. Таа го нарече распоредувањето на авионите „силен“ пристап на САД кон Русија и обрна внимание на тоа дека тие ќе бидат искористени во регионалните воени вежби.

Џејмс не наведе конкретен датум на распоредувањето на борбената група. Сепак, таа потенцираше дека авионите ќе пристигнат во Европа „скоро“ и дека нивното присуство во Европа треба да им помогне на европските сојузници да се обучат во управувањето со „невидливите“ ловци. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.