Компании од Русија и САД ќе потпишат долгорочни договори на МАКС-2015

Руски и американски компании имаат намера да потпишат низа долгорочни договори во рамките на авио-шоуто МАКС-2015, изјави официјален претставник на државната корпорација „Ростех“ која е дел од организаторите на шоуто.

„На МАКС-2015 ќе бидат претставени американски компании, меѓу нив и гиганти на авионската и вселенската индустрија како „Боинг“ и „Прат и Витни“. Се планира потпишување на долгорочни договори меѓу овие компании и руски претставници на вселенската индустрија“, изјави извор за ТАСС.

Тој потсети дека во 2013 година на шоуто учествуваа над 860 компании, додека годинава нивниот број се намали на околу 740. Над 150 компании се од странство.  

На пример, изјавија од „Ростех“, значително се зголеми бројот на кинеските компании. „Покрај традиционалните учесници AVIC China и Great Wall Industrial Corporation, кои двојно ги зголемија своите штандови, уште девет компании учествуваат со сопствени штандови“, истакна изворот.

МАКС-2015 се одржува во Жуковское од 25 до 30 август. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.