„Фајненшел Тајмс“: Русија ќе стане слаба и ќе се ослободи од Путин

Западот не може да има стратешко партнерство со Москва поради анексијата на Крим, руската инвазија во Украина, но и поради неуспешната политика што ја води Западот на постсоветските простори, пишува „Фајненшел Тајмс“, а пренесува „inoСМИ.Ru”.

Не е лесно да се има работа со Русија. По прашањето на политичка култура тоа е затворена и цврста земја. Кога во неа владееше социјализмот, на дневен ред беше политиката на „одвраќање“. Потоа Западот, мечтаејќи дека таа ќе стане демократска земја со слободна трговија која ќе се застапува за мир и ќе го поддржува правото на сопственост и владеењето на правото, се обиде да воспостави стратешко партнерство со Москва. Тој обид сега е неуспешен поради анексијата на Крим, руската инвазија во Украина, но и поради неуспешната политика што ја води Западот на постсоветските простори, пишува „Фајненшел Тајмс“ (Financial Times), а пренесува „inoСМИ.Ru”.

Сега повторно е во мода непремостливиот јаз меѓу руските и западните вредности. Во склад со оваа теорија, таквите разлики се уште поголеми за време на Путин. Што се однесува до Русија, тоа доведе до формирање на многу критички настроен антизападен конзервативизам во социјалните прашања, што ја зголеми склоноста кон употреба на војска против соседите Грузија и Украина. Значи, Запад треба да внимава, но не да направи „концептуална грешка ако диктаторот го идентификува со општеството во целина, небаре стремежите на господинот Путин и 140 милиони Руси се исти“.

Весникот тврди дека по детално испланираниот реизбор на Путин во 2012 година претседателот и неговите сѐ помалубројни соборци ги интензивирале напорите да ја задржат власта, заострувајќи ја борбата со неистомислениците во земјата и спроведувајќи антизападна политика. Сепак, анкетите покажуваат дека јавноста не го дели слепо ставот на Кремљ по сите прашања. Значителен дел од населението е подготвен да го прифати западниот став според кој меѓунардните односи не се само политичка и воена сфера, туку и области за разој на културните, општествените и трговските односи. Западот треба да ги поддржува ваквите ставови и да одржува врски со претставниците на руската јавност. Меѓутоа, руските власти „засега ќе нѐ мачат со мрачната пропаганда за непријателски декадентниот Запад“, пишува весникот.

Затоа западните земји треа да бидат упорни во спроведувањето на својата политика спрема Москва, да бидат непоколебливи, единствени, цврсти, как и да ги вложуваат сите напори Украина да стане успешна држава. Западот не треба да игра како што му свири Путин.

„Русија и Западот не војуваат поради неускладените вредносни системи, каде што живеат потполно различни луѓе, туку најмногу поради тоа што со Кремљ управува злобна државна машина. Западот мора да се вооружи со трпение и да чека политички момент, колку и да изгледа далеку додека Владимир Путин е на власт, кога по промената на внатрешната ситуација во Русија ќе се појават услови за слабеење на меѓународните тензии“, заклучува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња