Рогозин им предложи на Јапонците да направат харакири

Вицепремиерот Дмитриј Рогозин им препорача на Јапонците кои се нервираат поради посетата на рускиот премиер Дмитриј Медведев на Курилските острови да направат харакири.

Вицепремиерот Дмитриј Рогозин им препорача на Јапонците кои се нервираат поради посетата на рускиот премиер Дмитриј Медведев на Курилските острови да направат харакири, пренесува „Взгљад“.

„Да беа вистински мажи, според традицијата ќе направеа харакири и конечно ќе се смиреа. А само вреват“, напиша Рогозин на својот профил на Твитер.

Во саботата министерот за надворешни работи на Јапонија Фумио Кишида го повика амбасадорот на Русија во Јапонија Евгениј Афанасјев за да му врачи официјална протестна нота во врска со посетата на Медведев на островот Итуруп.

Истиот ден извори во владините кругови на Јапонија соопштија дека владата на таа земја донела одлука да а одложи посетата на шефот на јапонската дипломатија на Русија.

Москва скептично се однесе спрема таа информација. „За преговорите во Москва страните не соопштија. Невозможно е да се пренесе она што не било договорено“, изјави извор во МНР Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.