Полска и Естонија ги поддржуваат санкциите против Русија и зајакнувањето на НАТО во Источна Европа

Премиерот на Естонија Тави Роивас апелираше санкциите против Русија да продолжат, објаснувајќи го својот став со тоа што ситуацијата во Украина сѐ уше не е стабилизирана.

Премиерот на Естонија Тави Роивас апелираше санкциите против Русија да продолжат, објаснувајќи го својот став со тоа што ситуацијата во Украина сѐ уше не е стабилизирана. Ова тој го изјави во текот на средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда кој уште еднаш повика на ширење на присуството на НАТО на источните граници на Алијансата, со што се согласува и Талин, пренесува „Комерсант”.

„По прашањето на безбедноста ставот на Естонија и Полска е близок. Тоа го покажува нашиот однос спрема конфликтот во Украина. Ние мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина и да имаме предвид дека таму ситуацијата не  стабилизирана. Сметаме дека санкциите против Русија треба да продолжат сѐ додека повторно не се воспостават територијалниот интегритет и независноста на земјата“, рече Роивас.  

Претседателот на Полска смета дека единиците на НАТО би требало да бидат застапени на границите за кои е одговорна Алијансата. Според неговото мислење, тоа би било исправно, со оглед на историското искуство.  

Со него се согласува и претседателот на Естонија Томас Хендрик Илвес. Тој увери дека Варшава и Талин имаат заеднички концепт за безбедност. „Потребен ни е долгорочен проект за застрашување. На НАТО му е потребен силен потенцијал за застрашување за да ѝ се спротивстави на Русија. Пред сѐ, потребно е на територијата на земјите од регионот да се распоредат сили на НАТО кои се подготвени за борба, доколку се појави таква потреба“, рече Илвес.

Полските власти веќе ја испратија за разгледување до сојузниците Варшавската иницијатива за стратешка адаптација - пакет-предлози за зајакнување на присуството на Алијансата во Источна Европа.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња