Официјалниот курс на доларот на Централната банка на РФ го достигна максимумот од 1998 година

Рубљата забележува рекорден пад во однос на американскиот долар.

Официјалниот курс на американскиот долар, утврден од Централната банка на РФ на 25 август 2015, изнесува 70,7465 рубли. Во споредба со претходната вредност курсот порасна за 262,49 копејки, пишува „Интерфакс“.

На тој начин, официјалниот курс на доларот го достигна максимумот од 1998 година, кога рубљата беше деноминирана. Претходниот рекорд на официјалниот курс на доларот беше урнат во февруари 2015 година, тогаш американската валута се доближи до 70 рубли.  

На Московската берза доларот чинеше во 13:53 според московско време во понеделникот 70,80 рубли, зголемувајќи се за 1,69 рубли. Еврото достигна 81,38 рубли, добивајќи 2,74 рубли.

За периодот од 10 август, т.е. од моментот на почетокот на девалвацијата во Кина, доларот се покачи до 13:14 според московско време повеќе од 8,1 рубли, еврото - 12,2 рубли. Тоа значи дека загубите на рубљата во споредба со американскиот долар изнесуваа за тој период 12,8%, а спрема еврото - 17,6%, пресметаа експертите на „Интерфакс-ЦЕА“. Толку високо темпо на падот на рубљата не било забележано од декември минатата година, т.е. од времето на врвот на претходната девалвација на рубљата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.