Најновото беспилотно летало ZALA 421-16Е5 за првпат на аеро-шоуто МАКС

Новото беспилотно летало ZALA 421-16Е5 е развиено со примена на уникатни технологии кои овозможуваат поголем квалитет во исполнувањето на задачите.

Компанијата ZALA AERO GROUP (во состав на концернот „Калашников“) првпат ќе го претстави на аеро-шоуто МАКС-2015 што се отвора во вторник во подмосковско Жуковское  новиот оперативно-тактички систем за воздушно набљудување ZALA 421-16Е5 со голем домет и долготрајна употреба, соопшти во понеделникот прес-службата на концернот.

Беспилотното летало ZALA 421-16Е5 поседува голема автономија и мобилност – времетраењето на летот изнесува 6-7 часови, далечината на примена – до 150 км во реално време, плоштината на делувањето на системот за контрола на територијата надминува 21 илјада квадратни километри од исто место на лансирање.  

ZALA AERO GROUP од 2015 година влегува во состав на концернот „Калашников“ и е негова компанија-ќерка за дизајн и производство на средства за воздушно набљудување и врска на новите видови вооружување. Основни производи се набљудувачките беспилотни авиони, хеликоптери и балони. Областа на примена на беспилотните летала опфаќа чување на државните граници, набљудувачки и спасувачки операции, како и специјални операции.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња