„Нафтогас“ ја негираше информацијата дека побарал од „Гаспром“ аванс за транзит на гас

Страните во Минск дискутираа за условите на новиот зимски пакет, а не за аванс за транзит, изјавија од компанијата

„Нафтогас на Украина“ ја негираше информацијата дека побарала компанијата „Гаспром“ да даде аванс за транзитот на гас за да може потоа Украина да го плати гасот за своите подземни складишта. Ова го изјави денеска портпаролот на „Нафтогас“ Аљона Осмоловскаја, пренесува ТАСС.

„Не е вистина“, изјави таа. „Страните во Минск дискутираа за условите на новиот зимски пакет. Не стана збор за аванс за транзитот на гас“.

Претходно денеска весникот „Комерсант“ напиша дека наводно „Нафтогас“ му понудиле на „Гаспром“ да се вратат на схемата од 2013 година кога со аванс беше плаќано на украинската компанија за транзитот на гас во Европа, а украинската страна со добиените пари плаќаше за полнењето на сопствените резервоари на гас.  

На Украина во овој момент ѝ недостигаат пари за да купи гас во количина доволна за да ја помине грејната сезона зимава. Како што претходно изјави министерот за енергетика и јаглен на Украина Владимир Демчишин, Украина мора да купи 5-6 милијарди кубни метри гас за „да ја помине нормално зимската сезона“. „За тоа се неопходни над 1 милијарда долари“, истакна министерот, прецизирајќи дека засега толку пари немаат. Според неговите зборови, Украина води преговори со меѓународните финансиски институции, но „преговарачкиот процес се одолговлекува“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња