Ерата на политичката и економска доминација на Западот се приближува кон крајот, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на форумот „Територијата на смислата на Кљазма”, а пренесува РИА „Новости”.
„Денес делокругот на надворешнополитичките интереси е иста како и делокругот на многумина од вас и тој е директно поврзан со борбата на идеи. Борбата на идеи, помеѓу другото, е и во изборот на она што се однесува на моделот на развој и вредности. Ние го набљудуваме крајот на многу долга епоха, крајот на историската доминација на Западот во економијата, финансиите и политиката“, рече Лавров.
„Тоа траеше стотици години, а не еден век, а сега таа епоха доаѓа во објективна спротивност со фактот дека се формираат нови центри на силите во Тихоокеанскиот прстен. Реално се формираат полицентрични системи, иако тоа ќе биде долг процес“, додаде рускиот министер.
Според неговите зборови, „ние ги гледаме обидите на Западот да ја задржи доминацијата по вештачки пат, вклучувајќи притисок врз други земји, користејќи ги санкциите, како и вооружените сили, кршејќи го меѓународното право и Повелбата на ООН. Тоа создава дополнителен хаос во меѓународните односи“, истакна шефот на руската дипломатија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче