Рој Џонс е подготвен за борба со браќата Кличко на Крим

Американскиот боксер Рој Џонс го коментираше тоа што се најде „на црната листа“ на Украина.

Американскиот боксер Рој Џонс го коментираше тоа што се најде „на црната листа“ на Украина. Спортистот се најде во украинската база на податоци „Миротворец“ поради неговата посета на Крим.

„Дојдов во Русија, мислејќи на мир, како што правев последниве четири години. Јас не го сторив тоа за да навредам некого. Овде боксував и ја свирев својата музика. Видов дека овде ме сакаат, а јас сакам кога ме сакаат. Побарав руски пасош затоа што така ќе ми биде полесно да патувам натаму и назад и да го водам својот бизнис. Но тука нема ништо ново, јас зборував за ова последниве две години.  

Знам дека браќата Кличко се жедни за борба со мене и тоа може да биде нивниот начин да ме предизвикаат. Така што ако Виталиј или Владимир сакаат пријателски спаринг-сесии во 12 рунди за светската титула во тешка категорија, тоа можеме да го направиме каде сакаат надвор од границите на Украина, вклучувајќи го и Крим. Знаат како да ме најдат“, ги цитира зборовите на Џонс порталот „Боксерска сцена“ (Boxing Scene), а пренесува „Газета.ру“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња