Обама: САД и понатаму ќе го поддржуваат украинскиот народ во борбата со руската агресија

Претседателот на САД Барак Обама им го честиташе на претседателот на Украина Петро Порошенко и украинскиот народ 24-годишнината од независноста, соопштува прес-службата на украинскиот лидер.

Претседателот на САД Барак Обама им го честиташе на претседателот на Украина Петро Порошенко и украинскиот народ 24-годишнината од независноста, соопштува прес-службата на украинскиот лидер.

„Последнава година Украина направи многу важни чекори за постигнување на целта што си ја постави пред себе од моментот на стекнувањето на независноста во 1991 година. Без оглед на многубројните предизвици, народот на Украина се приближи повеќе од кога било до реализација на својата заедничка визија за слободна, демократска и просперитетна земја силно интегрирана во срцето на Европа“, го цитира Обама сајтот  на Порошенко, а пренесува „Взгљад“.

Претседателот на САД исто така увери дека Америка и во иднина ќе ја поддржува Украина во исклучително важниот период од нејзината историја. „Нашите две нации работат заедно за да го поддржат и заштитат правото на украинскиот народ слободно да го избере својот пат напред. Додека вие работите за да ги спроведете решавачките реформи, без оглед на агресијата од страна на Русија на исто и окупацијата на Крим, Соединетите Држави ќе останат доследни во својата поддршка на Украина“, истакна претседателот.

Претседателот на САД е уверен дека пријателството меѓу двете земји ќе зајакнува уште повеќе соодветно на понатамошните напори што Украина ќе ги вложува во развојот на демократските институции, унапредување на владеењето на правото и во поплочувањето на патот за економски раст.

Другите лидери исто така ѝ го честитаа на Украина празникот, на пример претседателот на Кина Си Ѓинпин ѝ посака „просперитет и сила“.

Денот на независноста на Украина традиционално се одбележува на 24 август во чест на донесувањето на Врховниот совет на УССР на Актот за прогласување на независност, што се смета за денот на формирањето на државата  во современ вид. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.