Единиците на германскиот Бундесвер кои се во составот на новоформираната „Здружена оперативна група за брза реакција би требало, според плановите на НАТО, да бидат подготвени во рок од 48 часа да пружат отпор на можната агресија од страна на Русија. Како што соопштува каналот „Дас Ерсте“ (Das Erstе), оваа единица го добила застрашувачкото име „Остри копја“, пренесува „РТ“ (RT).
Меѓутоа, доколку би дошло до реални борбени дејствија, ова „копје“ може да биде „многу тапо“, затоа што војниците на германскиот Бундесвер нема да можат да стигнат на време до назначената дестинација поради озлогласената германска бирократија.
Германските војници како и обичните граѓани се принудени да се придржуваат до нормите кои го ограничуваат времето поминато зад воланот. Тие, исто така, се задолжени да ги почитуваат ограничувањата поврзани со превоз во недела и во текот на празниците. Освен тоа, тие мораат да добијат посебна дозвола за превоз на оружје и движење на големи конвои. „А за сето ова е потребно многу време“, наведува „Дас Ерсте“.
Изданието истакнува дека германската војска ја спречува во користењето на пругата неопходноста да се утврди маршрутата на воениот конвој со распоредот на движењето на возовите, што може да потрае од 25 до 30 дена. Што се однесува до воздушниот сообраќај, НАТО на располагање нема доволно авиони кои се погодни за превоз на воена техника и муниција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче