Јацењук: Руската агентура 20 години ја уништуваше украинската војска одвнатре

Украинските вооружени сили во текот на две децении беа намерно уништувани од руската агентура сместена во раководството на ВСУ, тврди премиерот на Украина Арсениј Јацењук.

Украинските вооружени сили во текот на две децении беа намерно уништувани од руската агентура сместена во раководството на ВСУ, тврди премиерот на Украина Арсениј Јацењук.

„Тоа беше дел од рускиот план. Министерството за одбрана, Генералштабот, целиот систем на национална безбедност и одбрана беше преполна со руска агентура и украинските Вооружени сили намерно беа уништувани. Непријателот знаеше како стојат работите во Вооружените сили“, потенцираше тој, пренесува УНИАН.

Сепак, според зборовите на шефот на владата, за последните година и половина во Украина „не е обновена, туку физички е создадена нова армија“. „Оваа армија ѝ се спротивставува на руската воена агресија. Ниедна земја во светот денес не војува со нуклеарна Русија“.

„Уште пред една година многумина експерти и аналитичари зборуваа за тоа дека Украина тешко ќе може да го задржи рускиот налет. Вие го задржавте тој налет“, им се обрати тој  на војниците.

Претходно началникот на Генералштабот на Украина Виктор Муженко повторно изјави дека украинската војска е подготвена да одбие напад од Русија доколку тоа се случи.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.