Дански министер: Русија не можеме да ја поместиме ни со кран

Министерот за надворешни работи на Данска Кристијан Јенсен привлече политички реакции во својата земја со изјавите за обнова на активниот дипломатски дијалог со Русија, пишува „Свенска Дагбладет“ (Svenska Dagbladet).

Министерот за надворешни работи на Данска Кристијан Јенсен предизвика политички реакции во својата земја со изјавите за обнова на активниот дипломатски дијалог со Русија, пишува „Свенска Дагбладет“ (Svenska Dagbladet).

Јенсен доби покана за преговори од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесуваа RT.

„Дури и ако Русија самата претставува голема закана, ние нема да најдеме доволно голен кран за да ја преместиме целата земја некаде. Русија се наоѓа таму каде што се наоѓа и тоа засекогаш. Тоа значи дека ние треба да градиме со неа односи“, изјави Јенсен за данскиот печат.

Неговите зборови даваат надеж дека во политичката дискусија на скандинавските земји се враќа поимот геополитика кој одамна не го спомнуваат и во Шведска, потенцира медиумот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.