Русија успешно лансираше балистичка ракета РС-12М „Топол“

На полигонот Капустин Јар во Астраханската област успешно беше реализирано пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета РС-12М „Топол“, пренесува РИА „Новости“

На полигонот Капустин Јар во Астраханската област успешно беше реализирано пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета РС-12М „Топол“, пренесува РИА „Новости“ повикувајќи се на соопштението на Ракетните сили за стратешка намена (РССН). Лансирањето на ракетата било реализирано во саботата, 22 август, во 18:13 според московско време.

Од прес-службата истакнаа дека маневарскиот боев дел од балистичката ракета со зададената прецизност ја неутрализирала замислената цел на полигонот Сари-Шаган в Казахстан.

„Цел на лансирањето претставуваше тестирање на боевата опрема на интерконтиненталните балистички ракети“, се вели во соопштението.  

Тежината на триделната ракета РС-12М изнесува околу 45 тони. Според официјалната информација, таа може да носи боев дел, вклучително со нуклеарна глава, на растојание од околу 10 илјади километри.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.