Минската спогодба ѝ даде на Украина време да ја зајакне својата борбена готовност, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.
„Минската спогодба, колку и да ја критикуваат, ни даде фора, ни даде време за зајакнување наукраинската борбена готовност. Таа ни помогна макар делумно да го надминеме очигледното воено-техничко заостанување зад Русија“, изјави Порошенко во текот на работната посета на Чугуев во Харковската област, каде се сретна со војници на Вооружените сили на Украина.
Тој исто така истакна дека Украина има намера да ја зголеми договорната компонента во формациите на силите, пренесува РИА „Новости“.
„Пред сѐ, станува збор за единици кои ќе служат во зони со зголемен ризик, недалеку од границите на Русија, таму каде што се потребни специјални знаења“, истакна претседателот на Украина, додавајќи дека во најблиска перспектива ќе останат регрутацијата и мобилизацијата.
Порошенко исто така истакна дека до крајот на годината владата ќе набави за Воените сили на Украина над 300 единици оклопна техника, 400 автомобили, 30 илјади ракети и гранати, огнено оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче