Милер: „Гаспром” нема со свој гас да ги полни украинските подземни резервоари

„Гаспром” нема намера да ги полни подземните резервоари за гас на Украина, кои треба да бидат дополнети со 3,2 милијарди кубни метри гас, соопшти директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер.

„Гаспром” нема намера да ги полни подземните резервоари за гас на Украина, кои треба да бидат дополнети со 3,2 милијарди кубни метри гас, соопшти директорот на „Гаспром“  Алексеј Милер.

„Навистина, ние гледаме дека полнењето на подземните резервоари на Украина сега се одвива значително побавно од минатата година.  За времето кое преостана е потребно да се дополнат 3,2 милијарди кубни метри или уште 25% од она што е веќе складирано во текот на оваа година“, истакна Милер, а пренесува ТАСС.

„Нас тоа нѐ загрижува, треба итно да се забрза полнењето на резервоарите. Неопходното количество на гас е задолжителен услов за стабилно снабдување на украинските потрошувачи и транзит на гасот во Европа во текот на претстојната зима.  Но одговорноста за овие прашања во целост лежи врз „Нафтогас“. Ние поаѓаме од таквиот став и не планираме со свој гас да ги полниме украинските складишта“, истакна директорот на „Гаспром”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.