Премиерот на Русија Дмитриј Медведев смета дека идејата за преименување на Далечниот Исток во Исток на Русија е бесперспективна. Ова тој го изјави коментирајќи ги предлозите на учесниците на младинскиот форум „Итуруп“, кој се одржува на истоимениот остров на „Курилска грјада“, пренесува РИА Новости.
„Јас сум мошне скептичен кон преименувањата. Кога зад преименувањето не стои ништо, кај луѓето, тоа не предизвикува ништо освен лутина“, изјави тој.
Тој потсети дека во Русија имало многу преименувања. „Јас самиот се родив во град со гордото име Ленинград кој, како што е познато, сега се вика Санкт Петербург. Затоа што помалку историски преименувања, толку подобро. Она што историски се нарекувало така, треба така и да се нарекува. Ми се чии дека овде треба да биде таков принципот“, појасни Медведев.
Според мислењето на учесниците на форумот, преименувањето на Далечниот Исток во Исток на Русија би можело да му даде позитивен призвук на името на регионот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче