Медиуми: НАТО треба да создаде војска од „елфови“ за борба против руските „тролови”

Една од ефикасните стратегии на НАТО во борбата „против дезинформациите” од страна на Русија и терористичката држава „Исламска држава” би можела да биде обуката на „интернет-елфови” кои се во состојба „во двобој да ги совладаат злонамерните руски тролови“, пренесува финската радиотелевизиска компанија Yle.

Стручњаците од Летонскиот институт за меѓународни односи направија класификација на „троловите“ чија основна цел е да влијае на јавното мислење, пренесува Yle. Има и од оние кои  за сѐ ги обвинуваат САД, постојат бикини-тролови или „плавуши” кои поставуваат глупави прашања намерно за да можат другите да даваат „точни“ одговори на нив.

Летонските аналитичари исто така издвоија група тролови кои само наведуваат измешани информации, обидувајќи се да се покажат како „вистински“ извор на информации, пренесува „Взгљад”.

„За да можеме да се бориме против руските тролови, потребна ни е војска од „елфови“, заклучува стручњакот за антропологија и социјални мрежи на одделението за научни истражувања на американската воена морнарица Ребека Гулсби. Таа и други стручњаци го проучуваат ова прашање во истражувачкиот центар на НАТО „Стратком” во Рига.

„Не треба со пропаганда да се одговара на пропаганда”, изјави заменикот на државниот секретар на САД за односи со јавноста Даглас Франц. „Тука се потребни факти и вистина”.

Тоа е прашање на медиска писменост и брза реакција на настаните, пишува Yle. Потребно е брзо да се препознае дезинформацијата и да се информираат граѓаните на кој начин  одредени земји се обидуваат да ја пласираат.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.