Експерт: Европа треба да учи од искуството што Русија го има од работата со имигрантите

Европа треба од Русија да научи како да ја организира работата со имигрантите, смета експертот за миграциски проблеми Александар Калинин. Тој за ова зборуваше на 21 август на прес-конференцијата „Илегална имиграција: лекциите кои Европа не ги научи“, пренесува порталот „Национальный акцент”.

Стручњакот истакнува дека Русија денес е една од најуспешните земји што се однесува до решавањето на миграциските проблеми, особено затоа што може да се потпира на советското минато, кога во текот на 70 години голем број националности живееја во мир и слога.  

Миграциската политика на Русија е значителни поуспешна отколку во поголемиот дел од западноевропските земји, смета одговорниот секретар на Општествено-консултативниот совет при Федералната миграциска служба, директор на проектот на Фондот за развој на меѓународни односи „Добрососедство” Јуриј Московски. Според неговите зборови, тоа на Русија ѝ овозможува да не се плаши од масовно доаѓање на имигранти, што е случај со европските земји.

„Главната разлика е во пристапот, во мотивацијата на имигрантите. Во европските земји тие одат да добијат социјална помош, мислејќи дека таму е рај на земјата. А кај нас луѓето доаѓаат да работат, знаејќи дека овде се работи напорни, дека условите се тешки, дека кај нас нема ништо бадијала“, истакна тој.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.