„Создавањето на локалната самоуправа е еден од елементите на изградбата на западната цивилизација. Постоењето на силна локална самоуправа, да се сетиме само на магдебуршкото право, беше и ќе биде една од нашите цивилизациски особини која нас нѐ разликува од Русија и нѐ приближува до Европа“, се наведува на сајтот на украинската држава, а пренесува „Взглљад“.
Порошенко истакна дека измените кои ќе бидат внесени во уставот предвидуваат „делотворни механизми кои го гарантираат територијалниот интегритет на Украина и нејзината унитарност, а децентрализацијата не се однесува на прашања како што се одбраната, безбедноста, гарантирањето на правата и слободите на граѓаните“.
Претседателот на Украина го истакна дека „знаочењето на чесниот и отворен разговор за децентрализацијата, како една од најважните реформи, која одамна ја очекува Украина“ и им се обрати на присутните со апел „да бидат гласници на реформатторските идеи на децентрализацијата, да бидат активни во одбраната на единството на земјата и нејзиниот понатамошен демократски развој“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче