Русија и Пакистан потпишаа договор според кој Исламабад ќе добие 4 транспортно-борбени хеликоптери Ми-35М, изјавија за „Интерфакс“ во четвртокот од рускиот одбранбено-индустриски комплекс.
„Претставниците на Министерството за одбрана на Пакистан и „Рособоронекспорт“ потпишаа документ на крајот на минатата недела. Се претпоставува дека овие хеликоптери ќе бидат употребувани за антитерористички операции“, изјави соговорникот на агенцијата.
Според неговите зборови, за деталите од зделката се дискутирало во јуни годинава во текот на посетата на Русија од страна на командантот на Копнените сили на Пакистан генерал Рахил Шариф.
Претходно беше објавено дека првично Пакистан сака да купи 20 хеликоптери од овој тип.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче