Путин: Треба да се реагира на обидите да се дестабилизира ситуацијата на Крим однадвор

Федералните и локалните власти треба оперативно да реагираат на обидите на надворешните сили да ја дестабилизираат ситуацијата на Крим, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

Претходно претседателот изјави дека на Крим останува опасноста за дестабилизација на ситуацијата од страна на надворешни сили за вршење диверзии и се подготвуваат луѓе за вршење на саботажи. Според мислењето на Путин, целта на овие активности е очигледна: „Да се дестабилизира ситуацијата, да им се попречи во нормалниот живот на луѓето и на социјално-економскиот развој на регионот“.

„Сите овие ризици треба да се земат предвид и на соодветен начин да се реагира – како од страна на федералните, така и од страна на локалните власти“, изјави претседателот. Тој истовремено обрна внимание дека  „ништо не треба да се преувеличува, ништо не треба да се прејудицира, но сепак треба да се има предвид и на соодветен начин да се биде подготвен и брзо да се реагира“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња