Путин ќе биде „најценетиот гостин“ на Парадата на Победата во Пекинг

Рускиот претседател Владимир Путин на 3 септември во Пекинг ќе биде најценетиот и најпочитуваниот гостин на манифестацијата по повод 70-годишнината од Победата против фашизмот и кинеско-јапонската војна.

Рускиот претседател Владимир  Путин на 3 септември во Пекинг ќе биде најценетиот и најпочитуваниот гостин на манифестацијата по повод 70-годишнината од Победата против фашизмот и кинеско-јапонската војна, изјави заменикот-министер за надворешни работи на Кина Чен Гопин, а пренесува „Взгљад”.

 „На почетокот на септември претседателот Путин ќе отпатува за Кина за да присуствува на прославата на 70-годишнината од Победата во светската антифашистичка војна и војната на кинескиот народ против јапонските окупатори. Кинеската влада во моментов врши активни подготовки за претстојната посета на претседателот Путин, како и за неговото учество на свечениот настан. Нема сомнение дека претседателот Путин ќе биде најценетиот и најпочитуваниот гостин на кинескиот народ во текот на овие манифестации. За него ќе биде организиран прием на највисоко ниво“ рече Гопин.  

Кинескиот дипломат истакна дека „оваа година е посебна во историјата на руско-кинеските односи“. Тој исто така рече дека „ќе ни биде задоволство да го  нагостиме Путин” и додаде дека „одржувањето блиски врски што го практикуваат лидерите на двете земји е голема реткост во светската дипломатска практика“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња