„Форбс“ објави листа на 50 најбогати жени во Русија

Сопругата на поранешниот градоначалник на Москва, бизнисменката Елена Батурина се најде на чело на 50 најбогати жени во Русија за 2015 година...

Сопругата на поранешниот градоначалник на Москва, бизнисменката Елена Батурина се најде на чело на 50 најбогати жени  во Русија за 2015 година со огромна разлика меѓу неа и нејзините конкурентки, соопштува магазинот „Форбс“ (Forbes).

Нејзиното богатство се проценува на една милијарда долари.

На вторто место е косопственикот на ГК „Содружество“ Наталија Луценко со 550 милиони долари. На третото место е заменикот-генерален директор на АД„ТАИФ“ Гузелија Сафина (430 милиони долари). На листата се најде и генералниот директор на компанијата InfoWatch, основачоте на „Лабораторијата  Касперски“ Наталија Касперскаја (270 милиони долари) и тенисерката Марија Шарапова (240 милиони долари). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.