Белата куќа не ја коментира можноста за средба меѓу Путин и Обама во САД

Белата куќа не дава коментар во однос на можната средба меѓу претседателите на САД и Русија во септември во Њујорк за време на Генералното собрание на ООН.

Белата куќа не дава коментар во однос на можната средба меѓу претседателите на САД и Русија во септември во Њујорк за време на Генералното собрание на ООН.

Претставник на администрацијата на претседателот на САД објасни дека распоредот на Обама  за Генералното собрание сѐ уште не е направен.

„Затоа засега немаме настани за кои можеме да информираме“, изјави за агенцијата „Спутник“ (Sputnik) претставник на администрацијата.

Претходно во средата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека не исклучува средба на двајцата претседатели доколку се добие сигнал од Вашингтон.

„Поаѓаме од тоа дека нашите американски колеги ни испраќаат сигнали дека сакаат да продолжат да ги одржуваат контактите. И ако има таков предлог од нивна страна мислам дека нашиот претседател ќе го разгледа конструктивно“, изјави министерот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња