Речиси половината Руси го знаат текстот на државната химна. Ако во 2005 година текстот на песната го знаеја само 28% од граѓаните, во 2015 година овој број се зголеми на 43%. Податоците ги објавија социолозите од „Левада-центарот“, соопшти „Интерфакс“
Истовремено повеќе од половината Русија (53%) не ги знаат зборовите на химната. Пред 10 години текстот не го знаеја напамет дури 70% од граѓаните.
Химната најмногу ја знаат млади на возраст од 18-24 години. Во оваа група испитаници текстот го знаат наизуст 64% испитаници, додека меѓу луѓето на возраст над 55 години – само 34%. Најмногу ја знаат химната испитаници со високо образование (50%), со средно (53%), Московјаните (52%) и селаните (47%).
Огромно мнозинство од анкетираните (81%) сметаат дека химната на својата земја треба да ја знае секој граѓанин. Обратно мислење имаат 11%.
Социолозите исто така го објавија бројот на Руси кои дома го чуваат руското знаме. Големата тробојка ја имаат 11% (пред една година - 7%), знаменце – 36% (пред една година – 31%). Дома не чуваат знаме 53% испитаници (пред една година беа 62%).
Анкетата беше спроведена од „Левада-центарот“ од 17-20 јули и во неа учествуваа 800 луѓе од 134 населени места во 46 региони на Русија. Анкетата беше посветена на Денот на државното знаме на Русија кој секоја година се одбележува на 22 август.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче