Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз соопшти дека на руската страна ѝ испратил нацрт-договор во врска со „Турски тек“ и дека очекува одговор од неа, пренесува „Взгљад“.
Заменикот на началникот на одделението за управување со преокти на „Гаспром“ Алексеј Серебрјаков изјави дека проектната документација за гасоводот „Турски тек” предвидува изградба на четири делници по етапи со вкупна вредност од 11,4 милијарди долари.
Претходно беше соопштено дека концептот за „Турски тек“ може да биде суштински изменет и дека би можел да биде два пати, дури и четири пати помал од претходно најавениот формат од четири краци на гасоводот со капацитет од 63 милијарди метри кубни. Како што пишува изданието, ова го става во сомнеж фактот дека Русија навистина ќе се откаже од украинскиот транзит и дека ќе испорачува гас до Европа само преку Балтичкото и Црното море.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче