Стејт департментот против продажбата на руските системи С-300 на Иран

Советот за безбедност на ОН не забрани Русија да му ги испорача на Иран системите С-300, но ќе провериме дали тоа ги прекршува американските санкции, изјави шефот на прес-службата на Стејт департментот Џон Кирби.

„Резолуциите на Советот за безбедност на ОН не забрануваат испорака на овие одбранбени системи на Иран, но ќе провериме дали тоа ги крши американските санкции за Иран“, изјави Кирби.  

Тој исто така истакна дека ставот на САД за ова прашање не е променет и дека државниот секретар на САД Џон Кери и претходно повеќепати разговарал за тоа со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, пренесува „Взгљад“.

„Ние и ппонатаму сме загрижени поради намерата на Русија да му ги испорача ракетните системи на Иран“, изјави претставникот на Стејт департментот. „Ние сме против продажба на системите С-300 на Иран“.

Кирби објасни дека загриженоста на САД поради можната испорака на Иран поврзана за иранската надворешна политика и поддршката која иранската влада ја пружа на низа терористички групи на Блискиот Исток.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.