Руските десантни сили ќе добијат нова снајперска пушка од „Калашников

Основна снајперска пушка на руските Воздушно-десантни сили ќе биде новиот модел СВ-98 произведен од концернот „Калашников“, соопшти заменикот на началникот на штабот на ВДВ генерал-мајор Александар Шушукин.

Основна снајперска пушка на руските Воздушно-десантни сили ќе биде новиот модел СВ-98 произведен од концернот „Калашников“, соопшти заменикот на началникот на штабот на ВДВ генерал-мајор Александар Шушукин. 

Како што изјави Шушукин за радиото „Руска служба новостеј“, новиот модел ќе ја замени пушката СВД денес се користи за обука и ќе остане како резервно оружје на десантните сили.

„Ние веќе практични во сите единици го напуштивме системот СВД. Ако тие некаде и останале, тоа е само за обука. Затоа што се наоѓаат во магацините и претставуваат резервно оружје“, објасни заменикот на началникот на штабот на Воздушно-десантните сили, пренесува Ростех.

Снајперската пушка СВ-98 е наменета за уништување цели на оддалеченост до 1000 метри. Конструкцијата предвидува можност за користење на нишан како од руско, така и од странско производство. СВ-98 може да користи тактички придушувач кој овозможува да се стивне истрелот, да се намали енергијата на повлекувањето и да се отстрани пламенот при истрелувањето. Rusija,

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња