Воздушно-десантните воени вежби на НАТО кои започнаа во Европа му даваат на светот јасен сигнал за „мирољубивоста” на Алијанса, смета претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков, пренесува РИА „Новости”.
„Најголемите вежби на Воздушно-десантните сили на НАТО од Втората светска војна се организирани за му биде испратен на светот јасен сигнал за мирољубивоста на Алијансата”, напиша Пушков на својот Твитер-профил.
Во воените маневри на НАТО „Брз одговор-15” (Swift Response 15) кои ќе траат до 13 септември ќе учествуваат над 4,8 илјади војници од Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Шпанија, Велика Британија и САД. Овие воени вежби се продолжеток на воените манвери на Алијансата чиј број во текот на последните месеци значително порасна. .
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче