Сегашниот обем на девизните резерви на Русија не може да го одржи курсот на рубљата, а како единствен начин на кој Централната банка може да врши влијание останува референтната каматна стапка, рече помошникот на рускиот претседател Андреј Белоусов, а пренесува РИА „Новости”.
Тој потсети дека сега курсот на рубљата е флуктуирачки. „Сега ги немаме оние златни или девизни резерви што ги користевме за да ја одржиме рубљата во 2013 година”, истакна Белоусов.
Помошникот на рускиот претседател истакна дека обемот на резерви на Централната банка, не сметајќи го златото, сега изнесува малку повеќе од 300 милијарди долари. „Меѓутоа, од тие 300 милијарди долари повеќе од 120 милијарди ги сочинуваат акциите на владата. Тоа е Резервниот фонд и Фондот за национална благосостојба во кои се чуваат девизните резерви“, рече Белоусов.
Остатокот од резервите ќе биде доволен за увоз на роба во следните девет месеци. „Изјавата на гувернерката (на централната банка на Русија Елвира) Набиулина за тоа дека Централната банка ќе ги пополнува резервите беше во потполност оправдана и во врска со нивната состојба која може да ја оцени кој било инвеститор“, додаде помошникот на рускиот претседател.
Тој истакна дека референтната каматна стапка на Централната банка на РФ, која сега изнесува 11%, во среднорочна перспектива може да се приближи до посакуваното ниво на инфлација 4%, меѓутоа, во случај на уште еден пад на цената на нафтата, ваквото сценарио е малку веројатно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче