Експерт: Како да се собори доларот

Доларот повторно ќе ја следи цента на нафтата во отстуство на глобални светски вести.

Доларот повторно ќе ја следи цента на нафтата во отстуство на глобални светски вести. Вечерта на 17 август, со „црното злато” од сортата „WTI” се тргуваше близу шестогдишниот  минимум, додека „Брент” беше околу 49,18 долари за барел. Во врска со тоа може да се очекува слабеење на рубљата во распон од 20 до 50 копејки спрема доларот и еврото, пишува „Росијскаја газета”.

Според зборовите на стручњаците, на рубљата последниве денови сѐ повеќе ѝ предвидуваат висока нестабилност во блиска иднина. Меѓутоа, весникот се прашува што може сериозно да влијае на слабеењето на курсот на доларот.

„Ако некој би сакал да направи план за соборување на американската валута, тогаш би требало да размисли за масовна распродажба на американските хартии од вреднсот за да можат земјите да ја елиминираат сопствената криза. Тоа сериозно би го разнишало курсот на доларот. Сепак, ова е само хипотетички начин, затоа што продажбата на американските хартии од вредност од страна на која било држава ја зголемува цената на производите на истата таа земја, што негативно се одразува на нивната економија“, пишува весникот.

Весникот, исто така, наведува дека за дестабилизација на доларот е можно да се започне голем и сериозен воен конфликт, како на пример, судир меѓу Јемен и Саудиска Арабија. Што е уште еден начин кој теоретски може да го ослабне доларот е основање банка за меѓународни трансакции меѓу земјите чии економии се поврзани, без учество на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.