Загубите на Црна Гора поради руските контрасанкции ќе бидат најмногу до 60 илјади евра

Загубите на производителите на прехранбени производи во Црна Гора поради контрасанкциите што ги воведе Русија ќе бидат најмногу до 60 илјади евра, изјави министерот за земјоделство на оваа земја Петар Ивановиќ.

Тој во интервју за телевизијата соопшти дека според резултатите од 2014 година Црна Гора во Русија извезла земјоделски производи во вредност од 2,783 милиони евра, од кои 97,5% се однесуваат на вино, а уште 0,5% на други алкохолни пијалоци.  

„Преостанатите 2% отпаѓаат на печурки и мандарини. Вредноста на извозот на печурки минатата година изнесуваше 39900 евра, а на мандарините 16900 евра“, истакна Ивановиќ.

На прашањето за проценка на загубите што ќе ги претрпат земјоделските производители поради руските контрасанкции, министерот одговори: „Под услов земјоделските производители да се договорат за истите обеми на извоз како минатата година, тоа би изнесувало 56 илјади евра. Толку ќе ги чинат санцкиите земјоделските производители во Црна Гора“, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.