Премиерот на Русија Дмитриј Медведев објави на својот Инстаграм профил селфи од теретана. Фотографијата доби 45 илјади лајкови, а бројот на следбеници на шефот на руската влада достигна 1,5 милиони луѓе, пренесува „Росијскаја газета”.
„1,5 милиони! Ви благодарам за вниманието! Тренирајте!”, напиша Медведев под објавената фотографија.
Рускиот премиер меѓу политичарите е еден од најактивните корисници на социјалните мрежи, со милион следбеници на Фејсбук, Твитер и руската мрежа „ВКонтакте”. Исто така, Медведев има и своја страница на рускиот сајт „Жив журнал”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче