САД ги обвинија Русија и доброволците за заострувањето на ситуацијата во Донбас

Американските власти ги обвинија Русија и доброволците за заострувањето на ситуацијата на истокот на Украина, изјави во понеделникот портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Американските власти ги обвинија Русија и доброволците за заострувањето на ситуацијата на истокот на Украина, изјави во понеделникот портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

„Нема никакво сомнение дека нападите ги извршиле Русија и сепаратистите“, изјави Кирби по повод нападите кои изминатиот викенд  беа извршени во Донбас, преноси РИА „Новости“.

Претставникот на Стејт Департментот исто така побара од Русија и доброволците да ги реализираат обврските во рамките на Минската спогодба.  

Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ по разгледувањето на населените места на територијата на Донецката и Луганската Народна Република која беше изложена на напади во последните денови заклучи дека нападите во низа случаи се вршени од системи за плотунски оган „Град“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.