Русија во јуни повторно ги зголеми вложувањата во државните обврзници на САД

Русија во јуни, како и во мај, ги зголеми вложувањата во државните обврзнице на САД (US Treasuries) за 1,4 милијарди долари, покажуваат резултатите од истражувањата на американското министерство за финансии и Федералните резерви, пренесува Interfax.

Русија во јуни, како и во мај, ги зголеми  вложувањата во државните обврзници на САД (US Treasuries) за 1,4 милијарди долари, покажуваат резултатите од истражувањата на американското министерство за финансии и Федералните резерви, пренесува  Interfax.

Кон крајот на јуни вредноста на државните обврзници на САД кои се во сопственост на Русија изнесуваше 72 милијарди долари. Русија е меѓу првите дваесет најголеми кредитори на САД.

Во јуни најголемиот сопственик на US Treasuries е повторно Кина, која ја зголеми разликата во однос на Јапонија. Кина во јуни ги зголеми инвестициите за една милијарда долари во однос на мај и достигна 1 билион и 271 милијарди. Јапонија ги намали вложувањата во американските хартии од вредност за 17,8 милијади долари.

Вкупниот обем на вложувања на странците во US Treasuries минатиот месец порасна за 40,4 милијарди достигнувајќи 6175 билиони долари. Од оваа сума 4 164 билиони долари им припаѓа на владите или на централните банки на странски држави.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.