САД не се подготвени за долготраен конфликт со Русија, пишува „Дејли Бист“, повикувајќи се на неименувани извори во Пентагон.
„Американските воени претставници направија пресметки што се однесува до долготрајниот конфликт со Москва и тие не ветуваат ништо добро за американската страна“, пишува изданието.
Од гледна точка на многумина американски високи воени лица, по 15 година борба против тероризмот американските копнени сили се лошо подготвени за можен конфликт со Русија од гледна точка на материјално-техничка опременост и бројност на војниците.
„Дали е веројатно дека би ја победиле Русија? Да, но во тоа би ги вложиле сите сили што ги имаме. Ние не сме подготвени за таа војна онака како што би сакале да бидеме“, изјави еден од претставниците на Пентагон.
Друг претставник на Пентагон изјави: војните во Авганистан и Ирак ја исцрпеа способноста на САД да водат долготрајни боеви дејствија.
Весникот истакнува дека американската војска ја надминува руската по низа параметри. Но сите овие предности се „ограничени“. На пример, не само што Америка ќе мора да се потпре на уморните пилоти и авионите кои можат ограничено да се поправаат, туку е можно дека ќе мораат да ги префрлаат беспилотните летала од зоните на другите конфликти во кои учествува.
„Против непријател каков што е Русија ние не можеме да доминираме во воздух на она ниво на кое сметавме дека е потребно по терористичките напади од 11 септември“, додаде еден од претставниците на Пентагон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче