Лавров: Ситуацијата во Донбас потсетува на подготовка за боеви дејствија

Во Москва предизвикува загриженост заострувањето на ситуацијата во Донбас, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Во Москва предизвикува загриженост заострувањето на ситуацијата во Донбас, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Загрижува ситуацијата на фронтовите, веќе може да се зборува не за линија на судир, ами за жал, за фронт“, изјави Лавров, потсетувајќи дека страните одамна имале намера да потпишат договори за повлекување на оружјето со калибар помал од 100 милиметри, демилитаризација на Широкино, што би можело да придонесе за намалување на тензиите, сепак тоа не се случи поради позициите на Киев.

„Нѐ загрижува развојот на настаните последниве денови кои многу силно потсетуваат на подготовка за уште едни боеви дејствија“, изјави Лавров, пренесува „РИА Новости“.

Во исто време шефот на руската дипломатија изрази надеж дека средбите на контакт-групата за Украина следната недела „ќе ја прекинат тенденцијата на откажување на Киев од директен дијалог“. „И ние заедно со нашите партнери од „Нормандискиот формат, заедно со нашите американски колеги, кои нѐ уверија во тоа дека искрено сакаат да се дојде до целосна реализација на „Минск 2“, ќе успееме да воспоставиме таков директен дијалог.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.