Првиот човек на МНР РФ Сергеј Лавров смета дека Русија и Иран ги имаат сите можности за ново, уште понапредно ниво на меѓусебните односи.
„Високо ги цениме нашите добрососедски и пријателски односи, нашите земји конструктивно соработуваат практично во сите насоки... имаме интензивен дијалог на повисоко и највисоко ниво“, изјави Лавров, започнувајќи ги разговорите со министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Џавад Зариф.
„Денес постојат сите можности да им се даде на руско-иранските односи нов квалитет, уште понапреден во духот на договорот што беше постигнат меѓу двајцата претседатели, во духот на оние одлуки кои беа донесени за решавање на иранската нуклеарна програма“, изјави рускиот министер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче